Дома Фудбал Арсенал веќе го договoри првото големо засилување за следната сезона

Арсенал веќе го договoри првото големо засилување за следната сезона

Арсенал ова лето ќе одигра значајна улога на пазарот бидејќи на „Емирати“ сакаат да го засилат тимот за конечно да ја освојат титулата шампион на Англија. Микел Артета веќе има неколку звучни имиња на списокот на желби, а изгледа дека веќе е јасно кој ќе биде првото засилување на Топчиите во летниот преоден рок.

Во лондонскиот клуб веќе размислуваат за летниот преоден рок бидејќи Микел Артета јасно им даде до знаење на раководството на клубот кои позиции мора да се засилат ако сакаат идната сезона конечно да ја освојат титулата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На списокот на желби на шпанскиот тренер има неколку звучни имиња, но изгледа веќе е јасно кој ќе биде првото засилување на Арсенал ова лето.

Медиумите во Англија пишуваат дека тоа е Мартин Зубименди, кој во моментов игра за Реал Сосиедад и како што стојат работите, ова лето сигурно ќе го промени клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…