Дома Фудбал Арсенал презема драстични мерки, нов пресврт кој никој не го очекуваше околу Ѓокереш

Арсенал презема драстични мерки, нов пресврт кој никој не го очекуваше околу Ѓокереш

Виктор Ѓокереш е еден од најбараните фудбалери во светот, а трансфер сагата околу неговото преминување во Арсенал наиде на нов пресврт.

Овој одличен напаѓач сака да го напушти Спортинг по уште една сензационална сезона во Португалија.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Tој во сите натпреварувања постигнал дури 54 голови и втор пат последователно станал шампион на Португалија со Спортинг.

Напаѓачот кој има 27 години треба да ја продолжи својата кариера во Премиерлигата, а со неговото привлекување се поврзуваат Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челзи.

Се чинеше дека неговата повторна соработка со Рубен Аморим би била идеален сценарио, но поразот во финалето на Лигата на Европа промени доста работи.

Ѓокереш наводно одбил да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и јасно дал до знаење дека го интересира само преминувањето на Емирејтс.

Како и да е, сега се случил нов пресврт во целата ситуација и Ѓокереш се наоѓа во многу тешка позиција.

Португалскиот Рекорд тврди дека Арсенал бил првиот клуб кој испратил официјална понуда за Ѓокереш, но сега сè е стопирано.

Причината за тоа е фактот што од Спортинг јасно одговориле на челниците на Арсенал дека нема да прифатат ништо под 80 милиони евра.

Топџиите понудиле вкупно 65 милиони евра до сега и немаат намера да понудат повеќе пари за Ѓокереш, па се подготвени да се повлечат од целата работа.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим сака замена за Онана: Манчестер Јунајтед тргна по „најдобриот голман во светот“

Рубен Аморим не беше импресиониран од она што го виде од Андре Онана, па тргна во потрага …