Дома Топ вести Арсенал не се откажува од Влаховиќ

Арсенал не се откажува од Влаховиќ

Арсенал е во потрага по врвен напаѓач, а најголема желба на тренерот Артета е ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ.

Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а неговата плата наскоро ќе порасне на 12 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги и бонусите.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Јувентус му нуди нов договор, но преговорите одат тешко, а Влаховиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е во потрага по напаѓач, а најголема желба на Артета е токму Влаховиќ.

„Топџиите“ се спремни да понудат 70 милиони евра за неговиот потпис, а Србинот е отворен за преселба во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја „краде“ големата желба на Ливерпул

Рубен Аморим веќе седна на клупата на Манчестер Јунајтед и почна да прави планови за нови …