Дома Фудбал Арсенал на Артета ги надмина „непобедливите“ – Што треба да се случи за овој тим да не ја освои титулата?

Арсенал на Артета ги надмина „непобедливите“ – Што треба да се случи за овој тим да не ја освои титулата?

Фудбалерите на Арсенал го победија Борнмут на гости со резултат 3:2 во 20. коло на англиската Премиер лига.

Со петтата последователна лигашка победа „топџиите“ се зацврстија на првата позиција на табелата со 48 бодови. Имаат +6 предност пред Астон Вила и +7 пред Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вчерашната победа е продолжение на импресивната сезона на Арсенал, а статистиката покажува дека овој тим игра дури и подобро од легендарната генерација „Непобедливите“ од сезоната 2003/04. Арсенал тогаш под водство на Арсен Венгер последен пат ја освои Премиер лигата.

И покрај тоа што оваа сезона веќе запишаа два лигашки порази, тимот на Артета во истата фаза на натпреварувањето има два бода повеќе од шампионскиот тим пред повеќе од две децении. Постигнаа и четири гола повеќе, а примиле само еден гол повеќе од генерацијата која тогаш испиша историја.

Синоќа во Борнмут херој на победата беше двоен стрелец Деклан Рајс, кој заблесна веднаш откако се врати од повреда.

Знаевме дека ќе биде многу тешко. Да се освојат три бода и начинот на кој го направивме тоа беше навистина важно. Карактерот на Габриел по грешката и начинот на кој го одигра натпреварот, го покажува менталитетот на овој тим“, изјави Рајс и додаде:

Случуваше ми се претходно да постигнам еден гол и да посакам уште, но не успеев. Сега се случи тоа. Ни треба придонес на секој играч во различни моменти, така што сум среќен што можам да помогнам. Имаме тешка сезона со повреди, како и многу други. Во добра сме позиција, но патот е долг пред нас“, јасен е Рајс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим силно ја нападна управата на Манчестер Јунајтед, тие веќе подготвуваат жесток одговор

Манчестер Јунајтед и вчера не успеа да забележи победа и одиграја нерешено на гостувањето …