Дома Фудбал Арсенал киксна, Ливерпул на само еден бод до титулата во ПЛ

Арсенал киксна, Ливерпул на само еден бод до титулата во ПЛ

Арсенал и Кристал Палас одиграа нерешено 2:2 на стадионот Емирети, со што на Ливерпул му се продолжи чекањето за официјално освојување на титулата на Премиер лигата.

Арсенал дојде до рано водство уште во третата минута од натпреварот, кога Кивиор со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на Дин Хендерсон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кристал Палас покажа офанзивна закана, но истовремено оставија доста простор во одбраната. Сепак, во 27. минута успеаја да израмнат по одлично изведена акција од прекин.

Пред крајот на првиот дел од натпреварот, Арсенал повторно поведе. Леандро Тросар прими топка од Тимбер и прецизно погоди во долниот десен агол.

Гостите не попуштија и продолжија да бараат израмнување. Најблиску до гол беа Џастин Девени и Исмаила Сар, кои се обидоа со глава, но не успеаја квалитетно да ја зафатат топката.

Во продолжението на натпреварот, Палас сепак стигна до ново израмнување благодарение на Матета. Напаѓачот го искористи лошото додавање на Вилијам Салиба, ја пресретна топката и мајсторски го лобуваше голманот Раја.

Со ова реми, Ливерпул има шанса во недела, со реми во дуелот против Тотенхем на Енфилд, и официјално да ја обезбеди титулата шампион на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Антоан Гризман има нов клуб!

Францускиот крилен напаѓач Антоан Гризман е нов играч на Орландо Сити, и ќе се приклучи на…