Арсенал е блиску до потпишување на нов договор со Итан Нуанери. Според англиските медиуми, договорот ќе биде на пет години. Талентот го потпиша својот прв професионален договор минатата година и тогаш се обврза за три години.
Нуанери започна да игра сè почесто оваа сезона и се претставува одлично. Тој има девет голови во 29 натпревари од почетокот на сезоната, успешно заменувајќи го повредениот Букајо Сака на десното крило.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Брзиот негов напредок натера многу европски клубови да го насочат вниманието кон него. Челзи, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен ја следат ситуацијата. Токму затоа Арсенал сака да го поврзе Нуанери, кој денеска наполни 18 години, со долгорочен договор.
🚨 Arsenal are closing in on a new long-term contract for Ethan Nwaneri, with the proposed deal up to five years in length. ✍️🏴 [@IsaanKhan_] pic.twitter.com/M7mDAcy0lh
— DailyAFC (@DailyAFC) March 21, 2025