Реал Мадрид е спремен да го пушти Арда Гулер на позајмица во зимскиот преоден рок.
Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“ минатото лето, но Реал се одлучи да го задржи во своите редови.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Гулер минатата сезона, но и на Европското првенство покажа дека е еден од најголемите европски таленти во моментов.
Меѓутоа, во Реал не добива многу шанса па е спремен да ја промени средината во јануари.
Најсилен интерес за него покажува Милан, кој е спремен да го доведе на позајмица со право на откуп на лето.