Дома Фудбал Арбелоа: Сакам да го видам тој Реал Мадрид од првиот меч

Арбелоа: Сакам да го видам тој Реал Мадрид од првиот меч

Реал Мадрид изгледа како да е со една нога во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако има предност од 3:0 против Манчестер Сити. Во вторник навечер е реваншот на „Етихад“, каде шпанскиот гигант е решен да не дозволи изненадување. Тренерот на „кралевите“ Алваро Арбелоа откри дека иако е со тимот, Џуд Белингам нема да учествува во натпреварот. Еве што кажа тренерот на редовната прес-конференција:

Кој Реал Мадрид сакате да го видите во реваншот?
Ист како во првиот меч. Немаме друга цел, освен да излеземе и да победиме со истото смирение и посветеност како во првиот дуел. Ова е уште поважно бидејќи нема да биде лесно. Смирението и амбицијата се она што треба да го видите во вторник.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Може ли да се каже дека Реал е посилен без Мбапе?
Тешко е да се замисли дека еден тим може да биде конкурентен без најдобриот играч во светот. Но тоа многу зборува за тоа колку добро тимот се справува.

Во натпревари како овој се решава дали ќе останете на вашата позиција и во следната сезона.
Тоа е последното нешто што ме загрижува во овој момент, дури и не размислувам за тоа. Важно ми е да продолжиме да ги инспирираме навивачите на Реал Мадрид. Ќе бидам тука колку што треба и ќе бидам многу среќен до последниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез сака да си замине, познато е и каде?!

Енцо Фернандез смета дека летото 2026 година е идеален момент за да го напушти Челси. Токм…