
Алваро Арбелоа, тренерот на Реал Мадрид, го пофали перформансот на Винисиус Жуниор, кој се стреми да продолжи со одличните изведби.
Кралскиот клуб вечерва го пречекува Гетафе во Ла Лига, а младиот тренер нема никакви сомнежи дека Бразилецот повторно ќе се обиде да се истакне на теренот, по досегашните шест постигнати гола во последните пет натпревари.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
– Не знам дали притиснав некое конкретно копче. Целата заслуга е негова, бидејќи тој е фантастичен и извонреден фудбалер. Мојата единствена заслуга, ако така можам да кажам, е што му дадов многу самодоверба, се погрижив за него и ги охрабрив неговите соиграчи да го бараат на теренот и особено да го користат во ситуации каде што може да го покаже својот талент и способноста да си го најде патот меѓу противниците, да дрибла, да создава ситуации еден на еден, како што го направи неодамна. Тој е клучен играч и како тренер, мојата единствена задача е да создадам што повеќе прилики во кои може да ги искористи своите квалитети. Тоа ќе направи да играме подобро и да станеме поопасни – изјави Арбелоа на прес-конференцијата.
Се осврна и на ситуацијата со Килијан Мбапе кој ќе отсуствува од терените околу три недели поради проблем со коленото, и може да биде неизвесен за првиот меч од осминафиналето на Лига на шампионите против Манчестер Сити.
– Исклучително сме јасни за тоа што се случува и што сега сакаме, а тоа е тој комплетно да се опорави од непријатностите, за да се врати со 100 отсто, со највисока самодоверба и најголема можна сигурност. Сакаме да гарантираме дека ќе се чувствува потполно закрепнат. Ќе го следиме секојдневно и ќе го оценуваме неговиот напредок. Во овој момент е подобро да не поставуваме рокови. Сакаме да се врати кога ќе биде целосно подготвен – заклучи тренерот на Реал.