Дома Фудбал Антони има еден начин да се спаси од Манчестер јунајтед

Антони има еден начин да се спаси од Манчестер јунајтед

Ова лето Манчестер Јунајтед ќе го напуштат неколку играчи, а еден од оние чиј заминување е речиси неизбежно е Антони. Црвените ѓаволи ова лето ќе мораат да направат вистински ремонт на тимот, па веќе има неколку играчи кои се на излезните врати од Олд Трафорд.

Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Антони се некои од играчите кои речиси сигурно нема да бидат во клубот следната сезона.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Антони минатата полусезона ја помина на позајмица во шпанската Ла Лига, односно во тимот Реал Бетис.

Бразилецот таму се преобрази и блескаше во зелено-белиот дрес, и значително им помогна во остварувањето на зададените цели.

Бетис сезоната ја заврши на шесто место на табелата и така обезбеди пласман во Лига Европа идната сезона.

Антони беше еден од најстандардните играчи од неговото доаѓање и забележа 26 настапи за шпанскиот клуб.

Според пишувањата на шпанскиот „Спорт“, Бетис исто така е многу заинтересиран да се реализира овој договор, но му порачале на Бразилецот дека ќе мора да ги намали своите барања за плата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар во спектакуларен трансфер се враќа во Европа?

Поранешниот ас на Барселона и Париз Сен Жермен, Бразилецот Нејмар повторно се најде во цен…