Крилниот напаѓач Антони го напушта Манчестер јунајтед, бидејќи е блиску до премин на позајмица во – Бетис!
Оваа вест ја објави Фабрицио Романо, кој нагласува дека клубовите се во завршни преговори.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Најверојатно, Антони заминува во Бетис на позајмица до крајот на сезоната, а шпанскиот клуб нема да биде обврзан да го откупи.
Антони е отворен за идејата да се пресели на југот на Шпанија, а Јунајтед е подготвен да покрие дел од неговата плата до истекот на позајмицата.
Бразилецот не е дел од плановите на Рубен Аморим, исто како што претходно не беше значаен под раководство на Ерик тен Хаг.
Оваа сезона одигра 13 натпревари, од кои само седум во Премиер лигата и тоа влегувајќи од клупа.
Постигна еден гол и тоа во Лига купот, што е секако недоволно за засилување од 95 милиони евра…