
Судијата Боби Медли изјави дека „го мрази“ видео асистентот (ВАР) во фудбалот, бидејќи тој ја одзема „емоцијата“ на играта. Медли суди натпревари во втората, третата и четвртата англиска лига и е четврти судија на натпреварите од Премиер лигата. Тој не користи ВАР на редовните натпревари од лигата, додека оваа технологија беше воведена во натпреварите од највисоката англиска лига од почетокот на сезоната 2019-20.
„Како навивач, го мразам тоа, го мразам тоа. Ја сакам Чемпионшип, ја сакам Лига Еден – сѐ уште сум навивач“, рече Медли, кој говореше на фестивалот за наука во Челтнем на настан за технологијата во спортот. „Ја сакам Лига 1 затоа што кога ќе постигнеш гол, го гледаш судијата, го гледаш помошникот, тој не го кренал знаменцето, тоа е гол.“
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
„ВАР ја одзема таа емоција и фудбалот е игра во кој може да има само еден момент, еден гол и тоа е сѐ. Да го одземеш тоа, да чекаш и чекаш, што изгледа како вечност, како навивач не сум голем обожавач на тоа искуство.“
Фото: Принтскрин