Доскоро еден од најугледните англиски фудбалски судии Дејвид Кут (42) минатиот месец доби отказ од здружението на судии на англиската Премиер лига (PGMOL) поради скандал со дрога, а сега откри дека користел кокаин бидејќи не смеел да објави дека е геј.
Кут (42) по принудниот крај на кариерата даде големо интервју за The Sun во кое се осврна на причините поради кои беше исфрлен од англискиот фудбал.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Неодамна беше објавен низ на скандалозни видео-снимки кои го чинеа работата, а на нив Кут навредуваше Ливерпул и нивниот некогашен тренер Јирген Клоп, потоа вшмркуваше бел прав кој наликува на дрога, но е поврзан и со наместувањето на натпреварот во 2019 година.
Првпат јавно објави дека е геј и дека поради тоа беше под голем притисок.
“Јас сум геј и се борев со чувството на гордост да бидам ‘јас’ во подолг временски период. И без тоа имав изразени непријатни ситуации во кариерата како судија, а не можам ни да замислам колку потешко би ми било ако откријам дека сум геј,” изјави Кут, кој на родителите им кажа дека е геј на 21 година, а на пријателите дури на 25 години.
За да се ослободи од притисокот, Кут призна и дека користел кокаин за да избега од реалноста.
“Ги криев емоциите како млад судија, а ја криев и својата сексуалност. Тоа беше добар квалитет за судија, но ужасен квалитет за човечко битие. И тоа ме одведе до такво однесување и консумирање на дроги за бегство од реалноста,” изјави Кут.