Дома Фудбал Англиски медиуми: Пеп го најде заменикот за Де Брујне

Англиски медиуми: Пеп го најде заменикот за Де Брујне

МАНЧЕСТЕР СИТИ ќе започне во летните месеци нова реконструкција на тимот, кој би требало повторно да биде конкурентен и подготвен за борба за титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Пронајден е играч кој би требало да го замени Кевин Де Брујне, објавуваат англиските медиуми.

Белгискиот играч за врска е во последната година од договорот со клубот од Етихад и се очекува да го напушти клубот по сезоната во кој игра од 2015 година и со кој го освоил сe што можело. На неговото место, се надеваат во Сити, ќе дојде Флоријан Вирц (21).

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Офанзивниот играч за врска постигна 15 и асистира за 12 голови за тимот на Баер во оваа сезона на 35 натпревари и долго време е еден од најпосакуваните играчи во средината. Познат е интересот на Реал Мадрид, а се знае и дека Баерн сака тој да им се придружи. Тој има договор со Баер и за наредните две сезони, а актуелниот германски шампион таа соработка би ја продолжил со задоволство.

Tрансфермаркт го проценува Вирц на 140 милиони евра. Со таа цена е седмиот најскап фудбалер во светот.

Најскапи фудбалери во светот според Tрансфермаркт:

1. Ерлинг Холанд (Манчестер Сити) 200 милиони евра
2. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) 200
3. Ламин Јамал (Барселона) 180
4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) 180
5. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) 160
6. Букајо Сака (Арсенал) 150
7. Флоријан Вирц (Бајер) 140
8. Џамал Мусиала (Бајерн) 140
9. Фил Фоден (Манчестер Сити) 140
10. Кол Палмер (Челси) 130…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Апсолутно никој во Реал Мадрид не се откажа од уште еден пресврт и пласман во полуфиналето…