Дома Фудбал Англија не е подготвена за црна суперѕвезда како Белингам, смета Иан Рајт

Англија не е подготвена за црна суперѕвезда како Белингам, смета Иан Рајт

Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Арсенал Иан Рајт вели дека неговата земја не е подготвена за црна суперѕвезда како Џуд Белингам. Местото на играчот на Реал Мадрид во составот на Англија стана предмет на жестоки дискусии по последниот круг од квалификациите за Светското првенство, во кој 22-годишниот фудбалер се појави како резервист во победата од 2:0 против Србија, а потоа беше во првиот состав во победата од 2:0 против Албанија.

Селекторот на Англија, Томас Тухел, беше запрашан на прес-конференцијата по натпреварот за тоа што Белингам не го прославил голот на Кејн – видеата покажаа дека тоа не е точно – како и за неговата реакција при замената.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


“Загрижен сум за Џуд едноставно затоа што тој е човек кој не можат да го контролираат. Не можат да го контролираат. По ‘Кој друг?’ и по она што го направи на Светското (Европското) првенство, тој им покажува на луѓето: ‘Тука сум, црн сум, горд сум и сум подготвен.’

Јас сум Англичанец, иако кога бев мал, луѓето ми велеа: ‘Да, ама ти нели не си вистински Англичанец?’ — ‘Да, Англичанец сум.’ Не мислам дека се подготвени за црна суперѕвезда која се движи како Џуд, која не можат да ја “допрат”, како што реков. Тој излегува, игра, прави тоа што го знае, вели ‘Кој друг?’ Тоа е премногу надмоќно за овие луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Садио Мане зборуваше за односот помеѓу него и Салах во Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, исто така ја изнесе својата верзија за односи…