Дома Фудбал Анчелоти збесна по поразот од Бетис: Се знае кој е виновен!

Анчелоти збесна по поразот од Бетис: Се знае кој е виновен!

Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа пораз од екипата на Бетис со резултат 1-2 во рамките на Ла Лига, и по дуелот стратегот на „кралевите“ Карло Анчелоти беше исклучително критичен кон својот тим.

По натпреварот, Анчелоти беше сурово искрен.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


„Лош натпревар. Добро започнавме, но потоа не ја одржавме истата посветеност. Ја изгубивме контролата врз натпреварот против екипа што играше подобро од нас и ја заслужи победата. Ова е тежок удар на кој треба да одговориме. Немаме кого да обвинуваме освен самите себе. Ја изгубивме топката 27 пати во првото полувреме и Бетис успеа да се врати во игра“, изјави искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова ретко се гледа: Американка победи во ВТА финале без изгубен гем!

Американската тенисерка Емма Наваро стана само петтата тенисерка на овој век која во финал…