Дома Фудбал Анчелоти во проблеми: Вистина е, ќе се појавам на суд наредната недела

Анчелоти во проблеми: Вистина е, ќе се појавам на суд наредната недела

Реал Мадрид влегува во завршната борба на три фронта за трофеи, а нивниот тренер Карло Анчелоти има приватни проблеми.

Италијанецот веќе го поврзуваат со репрезентацијата на Бразил во наредниот период и сѐ погласни се шпекулациите за неговиот статус во Мадрид.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Германски Билд објави извештај, според кој Анчелоти мора да се појави на суд во Шпанија. Сослушувањето е закажано за среда и четврток поради обвинувања за неправилности во пријавувањето на приходите од правата на сликите и други извори на заработка во периодот од 2014 до 2015 година.

Станува збор за износ поголем од милион евра, и во случај да биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од четири години и девет месеци.

Анчелоти изгледал смирено пред постапката, а сето тоа го потврди на прес-конференцијата, пред мечот на Реал против Леганес.

“Вистина е, ќе се појавам на суд наредната недела и ќе ги дадам моите објаснувања. Ова не е место за разговор за тоа. Станува збор за жалбеното сослушување на државното обвинителство затоа што веќе го имав првото судење. Имам целосна доверба во законот и судскиот систем, не се грижам поради тоа. Се разбира, ми пречи што сум обвинет за измамa, но подготвен сум да сведочам”.

Доколку ситуацијата се комплицира со Анчелоти во Кралскиот клуб, познато е дека Флорентино Перез како соодветна замена го гледа поранешниот играч на клубот Хаби Алонсо, кој моментално е тренер на Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камавинга на срамен начин ја прекина акцијата на Сосиедад (Видео)

Страстите не стивнуваат по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, а гостите прона…