Дома Фудбал Анчелоти: Секое соочување со Пеп е кошмар и ме боли глава

Анчелоти: Секое соочување со Пеп е кошмар и ме боли глава

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не гледа на Манчестер Сити како ослабен противник, без оглед на тоа што оваа сезона нивните резултати се несигурни. Во вторник навечер на стадионот “Етихад” се среќаваат шампионите на Англија и Шпанија во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите.

„Овој натпревар веќе изгледа како класика – започна Анчелоти. – Ќе биде интересен дуел, како ниту еден друг. Тешко е да се предвиди што ќе се случи, бидејќи сè зависи од квалитетот на индивидуалните фудбалери, карактерот…”.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


„Сити располага со тим од највисока класа, па затоа од нас се бара да го покажеме најдоброто. Ако не играш на 100%, ќе бидеш елиминиран. Продолжувам да го сметам Манчестер Сити за еден од најдобрите во Европа, а тренерот на тимот за еден од најдобрите во ова натпреварување. Има можност да отпаднеш ако не си целосно подготвен. Шансата се зголемува ако еден од најсилните противници е против тебе. Подготвени сме за можната критика ако бидеме елиминирани.

Пеп даде толку многу фудбалски иновации: поседување на топката, играта во нападот, притисок, изнесување од задни позиции. Гвардиола е иноватор и чувствувам огромна почит кон него. Тој е еден од најдобрите, ако не и најдобриот. Секој пат кога се среќаваме против Сити, подготовките ни стануваат кошмар, бидејќи треба да мислиш на толку многу нешта.

Главата me боли во такви моменти. Но, реалноста е следна: кога Сити нè елиминира, ќе го освои трофејот, како и обратно. Тоа беше во последните три сезони. Убеден сум дека кој и да победи сега, ќе оди многу напред во турнирот. Изненадувањето е дека се среќаваме толку рано, бидејќи можеше да биде финале или полуфинале. Но, ние сме криви, не УЕФА“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Интер поведе по контроверзен корнер. Фановите: Ова е срамота

Во последниот натпревар од 24. коло на италијанската Серија А, милански Интер пред своите …