Дома Фудбал Анчелоти поставил необичен услов пред Бразилците, веднаш му го исполниле

Анчелоти поставил необичен услов пред Бразилците, веднаш му го исполниле

Карло Анчелоти вчера беше официјално претставен како нов селектор на бразилската репрезентација, а со тоа стана првиот странски селектор во историјата на Кариоките.

Со Анчелоти во Фудбалскиот сојуз на Бразил ќе дојде и една голема и интересна промена, бидејќи челниците на Сојузот се согласија на целосно неочекуваното барање на Италијанецот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, бразилскиот Globo пишува дека Анчелоти од челниците на Фудбалскиот сојуз на Бразил побарал да биде дозволено пушењето во просториите на Сојузот, а тие без многу размислување се согласија на тоа.

Така што од денеска пушењето цигари ќе биде дозволено во сите простории на Фудбалскиот сојуз на Бразил, а Анчелоти одамна е познат како страствен пушач.

Да потсетиме, Анчелоти ќе ја преземе селекторската позиција на Бразил по заминувањето од Реал Мадрид кој го го напушта по многу успешни четири години. Со Кралевите во изминатиот период освои две титули во Лигата на шампионите и две во Ла Лига.

Дебито на кормилото на Кариоките, Анчелоти ќе го има на 6 јуни, кога Бразил гостува на Еквадор во натпреварот за квалификации за Светското првенство.

Во моментов, Бразил е на четвртата позиција на табелата во квалификации со 21 бод и речиси го обезбеди пласманот на Мундијалот што следната година ќе се одржи во Америка и Канада.

Фото: Real Madrid C.F/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…