Дома Фудбал Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестиот круг од Лига на шампиони. Меѓутоа, набргу мораше да го напушти теренот.

Французинот се повреди веќе во 35. минута од мечот и седна на тревата, по што беше заменет од Родриго, кој штотуку се врати од повреда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По натпреварот, говореше тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти, кој донесе добри вести за навивачите на клубот.

„Мислам дека не е ништо сериозно кога станува збор за Килијан. Едноставно, тоа е замор од премногу натпревари во последно време“, рече Анчелоти.

Реал е ослабен од почетокот на сезоната поради бројните повреди во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maкедонија има супер-талент: Дариан Галевски го освои СП на академиите на Барселона!

Македонија добива ново фудбалско име кое сериозно го привлекува вниманието на европската с…