
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека не го засегаат критиките кон него, а понуди и оригинално објаснување зошто воопшто има толку критики, без оглед на резултатите.
„Ветераните понекогаш се досадни, зборуваат за истата работа повторно. Мислам дека тоа ми се случува. Можеби не на сите, но на многумина им здодеав да го гледаат моето лице секој ден. Го разбирам тоа – еве го дедо повторно… Сепак, јас се гледам како дете бидејќи имам ентузијазам на дете“, рече 65-годишниот Анчелоти.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
„Неверојатно е. Јас сум уморен, можете да замислите како е на играчите; мислам дека дури и вие, новинарите сте уморни. Знам дека сте уморни, го слушам тоа, всушност го гледам. Треба сите да се одмориме“, порача со насмевка италијанскиот стручњак.
Новинарите го замолија Анчелоти да ги коментира зборовите на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, дека Реал е клуб кој постојано се жали.
„Мислам дека Тебас премногу зборува за Реал Мадрид. Многу веќе кажа откако сум тука. Она што најмногу ме изненадува е колку е тоа непочитување кон милионите навивачи на Реал“, заклучи Анчелоти.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп, Реал денеска гостува кај Реал Сосиедад во 21:30.