Карло Анчелоти, еден од најтрофејните тренери во историјата, со Реал освои 15 трофеи. Најзначајни се двата пехари на шпански шампион и победник на купот, а круна на неговата работа во клубот во облик на три Лиги на шампиони. Под водство на Анчелоти, Реал е актуелен шампион на Шпанија и Европа.
Сепак, статусот на Анчелоти во Реал оваа сезона не е сигурен. Причината за тоа е што загуби низа силни натпревари (Лил, Милан, Ливерпул, Атлетик), а во градското дерби со Атлетико само израмни. Управата и особено навивачите му замеруваат најмногу поради тоа што загуби двете натпревари со Барселона, и во првенството и во Суперкупот, со вкупна гол-разлика од 2:9.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Вториот пораз од Барса беше пред пет дена во финалето на шпанскиот Суперкуп (2:5), а првиот натпревар по дебаклот Реал го играше на својот терен против Селта во осминафиналето на купот. Шпанските медиуми напишаа дека неуспехот на Анчелоти во тој меч ќе значи отказ. Се спаси по продолженијата (5:2), но откако пред крајот на регуларниот дел испушти предност од два гола.
Иако Анчелоти така се спаси од отказ, не успеа да се спаси од свирежите на навивачите на Реал. Снимката од претставување на тимот на Бернабеу сведочи како, по читањето на името на тренерот од страна на спикерот, следеа оглушувачки свирежи.
😱 Публиката на Сантјаго Бернабеу се обрнува против Орелијан Тчуамени и Карло Анчелоти! @damiancasol pic.twitter.com/fWrKXmfHty
— Le Journal du Real (@lejournaldureal) 16 јануари 2025