Дома Фудбал Анчелоти: Мирен сум и среќен. Заслуживме победа

Анчелоти: Мирен сум и среќен. Заслуживме победа

Фудбалерите на Реал Мадрид победија во првиот натпревар од плејофот за влез во осминафиналето од Лигата на шампионите на гостувањето кај Манчестер Сити.

Иако Англичаните водеа со 1:0 и 2:1 со головите на Ерлинг Халанд, Реал изедначи преку Килијан Мбапе и Брахим Дијаз, за во 92. минута Џуд Белингем да постигне гол за победа од 2:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По натпреварот изјава за медиумите даде тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти. “Мирен сум и среќен, очигледно. Добро игравме во првиот од двата натпревари, имаме мала предност и мораме добро да одиграме во реваншот. Натпреварот помина добро, се браневме солидно, сите напорно работевме. Имавме многу шанси и не се откажувавме.”

“Заслуживме победа. Можевме да бидеме и поефикасни. Манчестер Сити нема да го промени пристапот во следниот натпревар, а ние исто така. Мораме добро да се браниме и да не влегуваме во некој луд притисок бидејќи така можат да ни нанесат штета”, рече тренерот на Реал по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе плаќа луди пари на неговата мајка

Фаиза Ламари не е само таа која му го дала животот на Килијан Мбапе, туку и таа која го во…