Дома Фудбал Анчелоти киксна на дебито со Бразил

Анчелоти киксна на дебито со Бразил

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го започна својот мандат на чело на бразилската репрезентација со нерешен резултат. Неговата екипа играше на гостински терен во Еквадор, а квалификацискиот натпревар за Светското првенство заврши без погодоци. Еквадор традиционално носи предизвици за противниците поради високата надморска височина, но овојпат се играше во крајбрежниот град Гвајкил, што значеше дека еквадорците не ја имаа својата вообичаена предност на разреден воздух.

Во составот на Анчелоти се најдоа играчи како Винисиус, Ричарлисон, Каземиро, Алисон и Бруно Гимараеш, но не успеаја да се изборат за победа. Бразилските новинари го следеа секој потег на Анчелоти на тренерската позиција и забележаа дека за време на натпреварот изџвакал осум гуми за џваќање.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


“Игравме многу добро во одбрана. Требаше да бидеме подобри со топката, да играме со повеќе динамика, но на крајот, нерешениот резултат е добар за нас. Условите беа сложени за друг стил на игра. Имавме добри шанси во првото полувреме.

Можевме и подобро, но мораме да ја почитуваме силата на противникот. Не сакам да барам изговори, но тревникот не беше идеален. Се надевам дека во следниот натпревар ќе имаме подобри услови и ќе играме со повеќе ритам, движење и интензитет”, изјави Анчелоти по завршувањето на натпреварот.

Бразил остана на четвртото место во јужноамериканските квалификации. Првите шест репрезентации директно се пласираат на Светското првенство, додека седмото место оди во бараж. Еквадор е втор, со два бода повеќе од Бразилците. Аргентина е далеку напред и веќе го осигура првото место на крајот од квалификациите. До крајот остануваат уште три кола. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…