Дома Фудбал Анчелоти: Имам величествен подарок, а тоа е – Лука Модриќ!

Анчелоти: Имам величествен подарок, а тоа е – Лука Модриќ!

Лука Модриќ одлично ја започна новата година. Откако на натпревар во првенството против Валенсија даде гол пет минути пред крајот за почеток на пресврт и важна победа од 2:1, три дена подоцна постигна гол и на Купот на кралот во победата со 5:0 против четвонивото лигаш Депортиво Минере.

На Модриќ ова му е 27. натпревар оваа сезона и втор гол за Реал. Интересно е што двата е постигнал во новата 2025 и засега е најдобар стрелец на Реал заедно со Гулер оваа година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Модриќ е величествен дар за фудбалот. Особено за оние што може да уживаат во него одблизу. Навивачите, играчите, тренерите, јас. Импресионира со тоа како се подготвува за овие натпревари. Го прави тоа како да го чека финале. Тој е многу важен пример за нашите млади играчи”, рече Анчелоти.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ добил понуда од која „боли глава“, но неговиот одговор бил – не!

Душан Влаховиќ неодамна ја одби понудата на Фенербахче од 10.000.000 евра по сезона, а ита…