
Реал Мадрид денеска ќе одигра натпревар од 38. коло на шпанското првенство на Сантјаго Бернабеу против Реал Сосиедад. Ова ќе биде последната можност за навивачите во Мадрид да го видат Лука Модриќ и да се поздрават од него на стадионот.
Капитенот на тимот ќе го предводи Реал и на Светското првенство за клубови, но денешниот натпревар е последната шанса за аплаузите со кои многупати бил испраќан од теренот. Тренерот Карло Анчелоти ќе му го овозможи тоа.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Тоа го открива дел од шпанските медиуми, кои тврдат дека Анчелоти му открил на Модриќ како тоа ќе го изведе.
„Анчелоти го споделил својот план за натпреварот против Реал Сосиедад, кој вклучува посебен жест кон Лука Модриќ. Целта е навивачите собрани на Сантјаго Бернабеу со овации да го испратат хрватскиот играч за врска.
Фото: Grok AI