Дома Фудбал Добра вест за Реал Мадрид: Познат точниот датум на враќањето на Алаба

Добра вест за Реал Мадрид: Познат точниот датум на враќањето на Алаба

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потврди денес дека Давид Алаба наскоро ќе се врати во натпреварувачката постава.

Како што е познато, Алаба ја задоби повредата на предните крстни лигаменти во декември 2023 година, од тогаш е надвор од теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Алаба имаше бројни проблеми за време на закрепнувањето, затоа сега конечно се врати во целосен тренажен процес.
 
Карло Анчелоти денес потврди дека Алаба ќе биде во составот од 20 јануари. Ова значи дека нема да игра на утрешното гостување кај Валенсија, како и на претстојниот Суперкуп на Шпанија во Саудиска Арабија.

“Давид Алаба е многу блиску до натпреварите, мислам дека ќе биде подготвен на 20 јануари. Сега ќе можеме да ротираме повеќе, особено во одбраната”, рече Анчелоти.

Ова секако е одлична вест за гигантот од Мадрид, посебно ако се земе предвид дека Дани Карвахал и Едер Милитао ќе се вратат на теренот дури на есен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Семењо го сонуваат многу големи клубови, Ливерпул во јануари тргнува по него, но тој сонува само за еден клуб!

Фантастично започна Семењо во новата сезона во Премиер лигата, и во првите осум натпревари…