Дома Фудбал Анчелоти го одведе Бразил на Светското првенство

Анчелоти го одведе Бразил на Светското првенство

ВИНИЦИУС го постигна единствениот гол во 44. минута од натпреварот против Парагвај во Сао Паоло, пласирајќи го Бразил на Светското првенство следната година, две кола пред крајот на јужноамериканските квалификации. Голот може да го погледнете ОВДЕ. На овој начин, Карло Анчелоти во својот втор натпревар како селектор на Бразил, по ремито 0:0 против Еквадор пред пет дена, го постигна првиот успех со оваа репрезентација.

Бразил го обнови својот рекорд. Со пласманот на Светското првенство во 2026 година, останува единствената репрезентација која се квалификувала за секое Светско првенство од 1930 година и почетокот на турнирите. Бразил се квалификувал на сите 22 Светски првенства во историјата. По нив следи Германија со 18 последователни настапи на светски првенства.

Стигнаа на Светското првенство и го обновија рекордот, но со слаби игри и резултати

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Бразил го освежи сопствениот рекорд многу потешко отколку што се очекуваше. Иако со многу талентирани играчи, во долготрајните и напорни јужноамерикански квалификации не успеаја да создадат ефикасен тим. Од 16 одиграни натпревари, победија само седум пати, со пет загубени натпревари, примени 16 гола, и десет бодови помалку од водечката Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер јунајтед го претсстави големото засилување: Како дете го гледав само овој клуб

Манчестер јунајтед го претстави своето прво големо засилување за следната сезона, а тоа е …