Дома Фудбал Анчелоти добива изненадување од Бразил – ќе потпише нов договор, а ова се деталите!

Анчелоти добива изненадување од Бразил – ќе потпише нов договор, а ова се деталите!

Бразилската фудбалска конфедерација сака да го продолжи договорот со селекторот Карло Анчелоти до 2030 година, пренесоа денес бразилските медиуми.

Водството на бразилскиот фудбал сака славниот стратег да остане во репрезентацијата без разлика на резултатот кој тимот ќе го постигне на Светското првенство следното лето во САД, Канада и Мексико, пренесе „О Глобо“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанскиот тренер добро го започна ангажманот, со три победи, едно реми и еден пораз во квалификациите. Тој неодамна изјави дека на него и на неговото семејство им одговара ангажманот и би бил заинтересиран за продолжување на соработката.

Анчелоти е единствениот фудбалски тренер кој има освоено титули во петте најсилни европски лиги: Премиер лигата, Серија А, Примера, Бундеслигата и француската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…