Дома Фудбал Анчелоти доби одлична вест пред реваншот против Манчестер сити

Анчелоти доби одлична вест пред реваншот против Манчестер сити

Стоперот на Реал Мадрид Антонио Ридигер се опорави од повредата на задната ложа и се врати на тренинзите пред реваншот со Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот повредата на задната ложа ја доби против Еспањол пред две недели, кога му беше прогнозирана пауза од дваесетина дена, но веќе сега е подготвен да се врати во натпреварувачкиот ритам. 

За сега не е познато дали Карло Анчелоти ќе ризикува со него од самиот почеток, бидејќи треба да се земе предвид дека Реал има предност од еден гол на „Етихад“ и Сити мора да победи со два гола разлика доколку сака да влезе во осминафиналето.

Надвор од стројот останува Лукас Васкез, кој не се опорави, а извесно е дека нема да биде спремен ни Давид Алаба кој и така ја мина повеќе од една година надвор од теренот. 

Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Сити е закажан за среда во 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните непријатно изненадени: Еве што доживеаја пред натпреварот со Мексико на Светското првенство

Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско вр…