Дома Фудбал Анчелоти јавно го понижи Модриќ во Бергамо: Едно момче заслужува да игра пред Лука!

Анчелоти јавно го понижи Модриќ во Бергамо: Едно момче заслужува да игра пред Лука!

Лука Модриќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона, бидејќи веќе многу се шпекулира дека „Кралевите“ бараат замена за него на пазарот, но според сè, нема да мораат да трошат пари затоа што Карло Анчелоти сфатил дека веќе има во тимот идеална замена за Хрватот.

Во претходните натпревари Анчелоти, поради честите повреди кои го погодија Реал, шанса му даде на Дани Себаљос кој не играше многу оваа сезона, па дури и се зборуваше дека би можело во јануари да ја напушти екипата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сепак, Себаљос ја искористи шансата и блесна во претходните натпревари, играјќи токму на позицијата на Лука Модриќ.

Себаљос беше еден од најдобрите на теренот во синоќешниот меч меѓу Аталанта и Реал, а шпанските медиуми наведуваат дека со своите одлични игри, Шпанецот му даде до знаење на Анчелоти колку грешел што речиси воопшто не му давал шанса.

Шпанскиот весник „Релево“ наведува дека Себаљос го воодушевил Анчелоти со својата игра и дека јасно покажал дека заслужува многу поголема минутажа во Реал, како и дека одлично функционира на позицијата на Модриќ.

„Го заслужи своето место во стартниот состав пред Модриќ. Вечерва беше спектакуларен”, кажа тренерот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …