
Ана Марија Марковиќ и Алиша Леман со години се сметаaт за најубавите фудбалерки во светот, но изгледа дека им се појавила сериозна конкуренција од Шведска. Младата напаѓачка Алис Карин Сондергард привлече огромен број следбеници и вниманието на светската јавност – многумина веќе ја нарекуваат најубавата фудбалерка на денешницата.
Алис е родена на 22. мај 2003 година и се смета за една од најперспективните млади шведски фудбалерки од својата генерација. Потекнува од спортско семејство: нејзиниот татко, Јоаким Сондергард, е поранешен професионален фудбалер, така што нејзиниот избор на кариера е сосема природен. На социјалните мрежи редовно споделува содржини поврзани со фудбал, тренинзи и секојдневниот живот, но токму најновото видео, во кое се појавува во елегантна комбинација и покажува завидна фигура, предизвика огромна реакција. Коментарите на следбениците ја преполнија мрежата, а многумина тврдат дека Марковиќ и Леман „добиле сериозна конкурентка“.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Алис некое време поминала и во Соединетите Американски Држави, каде што студирала и била дел од универзитетскиот фудбалски програм, но поради повреда не одиграла официјални натпревари. По враќањето, продолжила да ја гради кариерата, и на теренот и надвор од него.
Во моментов е членка на Џенова, а зошто ја сметаат за најубавата фудбалерка, погледнете низ фотографиите подолу: