Дома Фудбал Останато Ана Ивановиќ е загрижена за Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Ју-Ес Опен

Ана Ивановиќ е загрижена за Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Ју-Ес Опен

Легендарната српска тенисерка Ана Ивановиќ го прокоментира формата и шансите на Новак Ѓоковиќ пред почетокот на US Open, последниот гренд слем на сезоната.

Новак веќе е во Њујорк, каде наскоро ќе го чека ждребот и ќе дознае кој ќе му се испречи на патот до можната нова титула.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ана истакнува дека Ѓоковиќ донел зрели и пресметани одлуки во подготовката за турнирот, но предупредува дека во некои моменти може да му недостасува натпреварувачки ритам, со оглед на помалиот број мечеви што ги одигра воочи доаѓањето во Америка.

– Новак го намалува бројот на турнири на кои учествува и тоа има смисла во целост, но во завршните фази на турнирите тие би можеле да бидат потребни, како и кондицијата што се стекнува преку мечеви – рече Ана и потоа додаде:

– Сепак, мислам дека неговото закрепнување по мечевите, неговата физичка подготвеност и ментална сила се уште се присутни, па дефинитивно можам да го видам како напредува далеку на турнирите – додаде познатата српска тенисерка.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Летаа боксови и клоци по натпревар во борење: Ерменец нападна Американец откако го победи во рингот (Видео)

Еден скандал доаѓа од RAF 06 (Real American Freestyle), каде што изби општа тепачка по едн…