Дома Фудбал Aморим уште е тренер на Јунајтед, а веќе се најавува неговиот нов клуб?!

Aморим уште е тренер на Јунајтед, а веќе се најавува неговиот нов клуб?!

Во трка за претседател на Бенфика, Жоао Нороња Лопеш, беше присутен во Манчестер за градското дерби, во кое Сити го совлада Јунајтед со 3:0.

По натпреварот во Англија, се засили притисокот врз менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим. Веќе се пишуваше дека овој тренер е со најслаб процент на победи од Втората светска војна наваму. Лопеш, кој беше претходно споменат, придонесе за дополнителна вознемиреност и во португалската јавност.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во изјава за „A Bola“, тој порача:

„Патувавме во Манчестер за да го следиме дербито и искористивме можност за разговори со цел да ја подготвиме иднината на Бенфика. Немав средба со Бернардо Силва и Рубен Аморим пред натпреварот. Рубен има договор со Манчестер Јунајтед и не коментирам резултати на други клубови“, изјави Лопеш и додаде:

„Рубен Аморим е тренер на Манчестер Јунајтед, но знам едно: Рубен Аморим еден ден ќе биде тренер на Бенфика.“

Инаку, изборите за претседател на Бенфика ќе се одржат на 25 октомври, а бизнисменот Лопеш се смета за фаворит во однос на актуелниот претседател на клубот, Руи Кошта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…