Дома Фудбал Аморим се откажа од Осимен за да купи син на легендарен напаѓач од Премиерлигата

Аморим се откажа од Осимен за да купи син на легендарен напаѓач од Премиерлигата

Челниците на Манчестер Јунајтед се повеќе веруваат дека имаат поголеми шанси да се договорат околу трансферот на Лиам Делап (22) од Ипсвич Таун отколку за ангажирање на примарната цел Виктор Осимен (27) по неговото враќање во матичниот клуб Наполи од Галатасарај на крајот на сезоната, откриваат извори на англискиот портал „GiveMeSport“.

Иако „Црвените ѓаволи“ беа активни пред затворањето на зимскиот трансфер период, при што Патрик Доргу (20) беше најскапото засилување благодарение на преминувањето на данскиот репрезентативец од Лече за 30 милиони фунти, главниот тренер Рубен Аморим (39) сака да обезбеди дополнителна напаѓачка сила пред својата прва целосна сезона на чело на клубот.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Антони (25) и Маркус Рашфорд (27) заминаа на позајмица откако не успеаја да ја фатат формата во дресот на Манчестер Јунајтед оваа сезона, со тоа што позајмицата на Рашфорд во Астон Вила вклучува опција за откуп за 40 милиони фунти. Јунајтед затоа планира да ги засили своите напаѓачки опции во наредните месеци.

Јунајтед се соочува со значајна дилема пред преговорите бидејќи постои убедување дека Делап е подостапна цел од Осимен, според изворите на „GMS“. Ипсвич инсистираше дека би требало да се издвојат повеќе од 50 милиони фунти за 22-годишниот играч кога Челси водеше преговори за време на зимскиот трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ се интересира за талентираниот играч на Барса

Гави може да стане нова главоболка за Барселона. ПСЖ силно се стреми да го привлече во сво…