Рубен Аморим пред нешто повеќе од еден месец беше промовиран во нов тренер на Манчестер Јунајтед, но нема баш добар почеток на клупата на „црвените ѓаволи“.
После двата последователни порази, празна дека мора да почне да победува инаку во спротивнко ќе добие отказ.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Го познавам биснисот во која работам. Менаџерот на Манчестер Јунајтед никогаш, без оглед на се, не може да се чувствува удобно. Знам дека ако не победуваме, независно дали платиле откупна клаузула, секој менаџер е во опасност. Тоа ми се допаѓа, затоа што тоа е наша работа, ја разбирам поентата.
Можам да се правдам дека сум тука само еден месец, но ние не победуваме. Тука сум и мора да се концентрирам на работата. Тешките моменти се дел од фудбалот. Знаев дека ќе биде тешко. Очекувањата беа дека ќе имаме повеќе победи, дека ќе имам повеќе играчи со самодоверба, кои ја сфаќаат идејата да работаат и да ги подобрат нештата. Во овој момент е навистина тешко“, искрен е Аморим.