Дома Фудбал Аморим само еден ден по победата на Анфилд го одобри доаѓањето на големо засилување!

Аморим само еден ден по победата на Анфилд го одобри доаѓањето на големо засилување!

Само еден ден по победата на Анфилд стигнаа уште големи вести за навивачите на Манчестер Јунајтед и тие се однесуваат на трансфер периодот што следи во јануари 2026 година.

Имено, Манчестер Јунајтед е во потрага по нов играч за средината на теренот и еден од фудбалерите што Рубен Аморим сака да ги доведе е ѕвездата на Спортинг.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Португалскиот тренер покажа дека сака да игра под висок притисок, и јасно е дека му требаат играчи кои можат многу да трчаат, особено во Англија.

Рубен Аморим даде зелено светло да се доведе играч кој е во најдобрите години, кој ниту е млад, ниту е премногу стар, а кој веднаш ќе може да влезе во почетниот состав.

Така, ѕвездата на Спортинг од Лисабон, Мортен Јулманд е главната мета на Манчестер Јунајтед во јануари 2026 година.

Извори од Англија тврдат дека Аморим едноставно го обожава Јулманд, а тие двајца се разбира дека се познаваат од периодот кога Португалецот го водеше Спортинг.

Тие двајца многу добро соработуваа во Португалија, а Јулманд тогаш заедно со Ѓокерес беше клучниот играч во играта на Рубен Аморим.

Во Манчестер Јунајтед се оптимисти кога станува збор за доведувањето на овој фудбалер за околу 60 милиони евра, иако неговата откупна клаузула изнесува 80 милиони евра.

Причината е секако тоа што веруваат дека Рубен Аморим може да изврши добри преговори со лидерите на клубот во којшто работеше, и дека може да ја намали цената.

Уште четворица фудбалери се на списокот на желби на Рубен Аморим, а еден од нив е Адам Вартон од Кристал Палас.

Тука е и Карлос Балеба од Брајтон, но и Џоби Белингем од Борусија Дортмунд, како и Виктор Фрохолд од Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…