Дома Фудбал Аморим пресреќен: Не се срамев од поразите, сега сме многу подобри

Аморим пресреќен: Не се срамев од поразите, сега сме многу подобри

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, беше видливо задоволен откако неговиот тим го совлада Брајтон со 4:2, што претставуваше трета победа по ред во Премиер лигата – најдобар успех од преземањето на водството минатиот ноември.

„Оваа победа е најмногу за навивачите. Никогаш не сум се срамел од тоа што го правам или од поразите. Но чувствувам одговорност кон навивачите бидејќи веруваат во нас. Во фудбалот сè може да се промени за една недела, затоа треба да уживаме во овој момент и да бидеме фокусирани на следниот натпревар“, изјави Аморим.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јунајтед покажа значително подобрување против Брајтон, не само во однос на резултатот, туку и во играта.

„Од почетокот на сезоната играме многу подобро отколку минатата година. Имаме играчи кои подобро одговараат на овој стил. Голема е разликата кога играме по еден натпревар неделно – тоа е огромна предност и треба да ја искористиме во целост“, додаде Португалецот.

Победата против Брајтон дојде после триумфот на Енфилд, а Аморим вели дека сега е уште посреќен.

„Го заслуживме триумфот против Ливерпул, но и тие не заслужија да изгубат. Денес имавме сè – посед, шанси, висока и ниска блокада, сè. Ова беше комплетен натпревар и затоа ми се допаѓа повеќе од претходниот“, заклучи менаџерот на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед одлично го заврши првото полувреме во кое водеше со два гола разлика. Во 24. минута Матеус Куња точно ја погоди спротивната страна од 16 метри за 1:0, додека десет минути подоцна Каземиро зголеми на 2:0. По ударот на Бразилецот, топката се одби од еден противнички играч и ја смени насоката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен момент за македонскиот фудбал: Првиот човек на ФФМ доби позиција во ФИФА!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член …