Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера загубија со 2:0 од Њукасл на Олд Трафорд.
Во најинтересниот премиерлигашки натпревар на вечерта, Њукасл веќе имаше предност од 2:0 по 20 минути фудбал, а тоа го постигна со головите на Александар Исак и Џолинтон.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим се обиде брзо да реагира, а во 33. минута наместо Зиркзе го внесе Коби Мајно, но тоа не донесе никаква промена. Њукасл на тој начин ја постигна петтата последователна победа во сите натпреварувања, додека Јунајтед го претрпе четвртиот последователен пораз.
Аморим: Можно е да испаднеме од лигата
“Мислам дека испаѓањето е можно, мораме да бидеме искрени со нашите навивачи. Мораме да промениме нешто, но оваа сезона ќе биде многу тешка за сите. Тоа може да не направи посилни и мораме да се бориме”, изјави Рубен Аморим по натпреварот и продолжи: “Навистина е тешко. Ова е еден од најлошите моменти во историјата на нашиот клуб, и мораме да го прифатиме. Уште еден пораз пред нашите навивачи.“