Дома Фудбал Аморим ќе го наплати отказот „дебело“, навивачите изненадени од изборот на новиот тренер

Аморим ќе го наплати отказот „дебело“, навивачите изненадени од изборот на новиот тренер

Откако денеска доби отказ од Манчестер Јунајтед, се чини дека Рубен Аморим ќе заработи вистинско богатство. Имено, утрово Манчестер Јунајтед објави дека Рубен Аморим доби отказ од клупата на овој голем клуб од Англија.

Последните неколку недели, Рубен Аморим јавно искажуваше фрустрации и тврдеше дека сака да биде менаџер, а не тренер во Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По сè што се случи, доби отказ, а неговите настапи пред новинарите очигледно не му помогнаа многу.

Оваа одлука дојде само 14 месеци откако Манчестер Јунајтед исплати околу 15 милиони евра за Аморим на Спортинг.

Тогаш Аморим потпиша договор до 2027 година, со можност за продолжување уште една година.

Договорот не вклучуваше клаузула за намалена цена за напуштање, така што Манчестер Јунајтед мора целосно да го исплати неговиот договор.

Очигледно е дека Аморим во Манчестер добиваше околу 7 милиони евра годишно, па јасно е дека ќе заработи вистинско богатство.

Така ќе заработи над 10 милиони евра, а притоа воопшто нема да работи како тренер и нема да се нервира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најдобриот европски и светски клуб останува без тренер?

Шпанскиот стратег Луис Енрике разгледува можност за заминување од Пари Сен-Жермен по заврш…