
Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Португалецот Рубен Аморим, започна да ја составува играчката сложувалка за идната сезона. Според вестите што пристигнуваат од “Островот”, Аморим започнал потрага по засилувања во нападот.
На листата Куња, Делап и Семењо
Манчестер Јунајтед оваа сезона во Премиер лигата постигна 42 гола во 36 натпревари, што ги прави петта екипа со најмалку постигнати голови. Само Евертон, Ипсвич Таун, Лестер Сити и Саутемптон постигнале помалку. Еден од играчите што Аморим наводно ќе се обиде да го донесе на Олд Трафорд е напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња (25). Овој Бразилец сезонава има постигнато 15 голови во лигата, а неговата отштетна клаузула е околу 60 милиони евра.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Се споменува и напаѓачот на Ипсвич Таун Лијам Делап (22), како и крилниот играч на Борнмут, Антоан Семењо (25). Бидејќи Ипсвич преминува во Чемпионшип, неговата отштета би била помала, се споменува околу 30 милиони евра. Од друга страна, Семењо би чинел околу 40 милиони евра. Делап сезонава забележал 12 голови, а Семењо девет голови и пет асистенции.
Јунајтед моментално е на 16. позиција во Премиер лигата со 39 бодови, а наскоро го очекува финалето на Лига Европа против Тотенхем.