Дома Фудбал Аморим има нова желба: Манчестер јунјтед тргнува по голгетерот кој блеска во Серија А

Аморим има нова желба: Манчестер јунјтед тргнува по голгетерот кој блеска во Серија А

Манчестер јунајтед повторно би можел да доведе засилување од Аталанта. /p>

Приближно година и пол одкако платија 74 милиони евра за Расмус Хојлунд, директорите од „Олд Трафорд“ повторно стапиле во контакт со раководството на Аталанта, прашувајќи за новиот хит напаѓач на Серија А.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се работи за аргентинско-италијанскиот фудбалер Матео Ретегуи (25), кој минатото лето дојде во Бергамо од Џенова за 28 милиони евра и… малку е да се каже дека веќе се исплатил. Ретегуи веќе има постигнато 20 голови на 22 натпревари во Серија А и уште три во Лигата на шампионите, сосема доволно за да стане тема во медиумите на Островот кои пишуваат дека не само Јунајтед е заинтересиран за него, туку и Арсенал.

Ретегуи е роден во Сан Фернандо, започнал во Ривер Плејт, па преминал во Бока Јуниорс, а во меѓувреме одлучил да настапува за Италија – од каде што потекнува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грешка на голманот му ја донесе победата на Арсенал, Манчестер Јунајтед покажа блесоци и стари слабости

Арсенал ја започна новата сезона со тешка победа над Манчестер Јунајтед со минимални 1:0 в…