Дома Фудбал Аморим е најлош тренер на Манчестер јунајтед по ерата на Фергусон

Аморим е најлош тренер на Манчестер јунајтед по ерата на Фергусон

Навивачите на Манчестер Јунајтед со голем ентузијазам го пречекаа новиот тренер Рубен Аморим, надевајќи се дека тој ќе успее да го врати клубот на победничките патеки. Сепак, неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ не донесе посакуваното раздвижување, а тимот продолжи да се мачи со нестабилни игри и резултати.

Под водство на Аморим, Јунајтед не успеа да најде конзистентност, а тоа се одрази на нивниот скор во последните 12 натпревари, каде што тимот забележа осум порази. Овој слаб биланс го втурна португалскиот стратег во несакана статистика – тој постави негативен рекорд како тренер со најлош старт во историјата на клубот во пост-Фергусоновата ера.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Со освоени само 14 бодови во своите први 14 натпревари во Премиерлигата, Аморим се најде зад сите свои претходници, вклучувајќи ги Жозе Мурињо, Дејвид Мојс, Луј ван Гал, Ралф Рангник, Ерик тен Хаг и Оле Гунар Солшер, кои оствариле подобар учинок во своите почетни периоди на чело на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалските надежи се реваншираа на БиХ: Победија со гол во 90. минута

Младата репрезентација на Македонија до 17 години славеше минимална победа со 1:0 против с…