Дома Фудбал Aморим брутално го понижи Рашфорд: Попрво би му дал шанса на 63-годишниот тренер на голманите

Aморим брутално го понижи Рашфорд: Попрво би му дал шанса на 63-годишниот тренер на голманите

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека би го ставил својот 63-годишен тренер за голмани како замена пред Маркус Рашфорд или кој било друг играч на Манчестер Јунајтед кој не дал свој ‘максимум’ на тренинзите.

На прашањето за отсуството на Рашфорд од екипата која го победи Фулам со 1:0, Аморим рече дека “причината е тренингот”.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


“Причината е секогаш иста. Причината е тренингот, начинот на кој гледам што треба да работи еден фудбалер. На тренинг, во животот и тоа секој ден, секој детал. Така, ако не се сменат работите, јас исто така нема да се сменам,” беше јасен Аморим, додавајќи:

“Иста е ситуацијата за секој играч. Ако работите максимално, ако ги работите вистинските работи, можеме да искористиме секој играч. Тоа можете да го видите денес на клупата – ни недостасува малку темпо да продолжиме, да ја смениме играта, да преместиме некои фигури, но јас повеќе сакам така. Ќе го ставам Витал (тренерот за голмани) пред да ставам играч кој не го дава максимумот секој ден, така што нема да се менувам во тоа,” тврдеше Португалецот.

Да се потсетиме, од доаѓањето на Аморим во Манчестер, Рашфорд е практично “отпишан” и се очекува да го напушти клубот до крајот на преодниот рок.

Како главен кандидат за неговото доведување се споменува Барселона, која пред трансферот треба да го усогласи буџетот за да може да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефанзивец на Барселона се повреди – ќе паузира три недели!

Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен се соочил со уште една пречка во своето враќ…