Дома Фудбал Аморим бара од раководството да му купи напаѓач од Серија А

Аморим бара од раководството да му купи напаѓач од Серија А

Англиските медиуми наведуваат дека српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е голема желба на „црвените ѓаволи“, кои ќе направат сѐ што е во нивната моќ за да го донесат летово, особено тренерот Рубен Аморим.

Јасно е дека статусот на Душан Влаховиќ во Јувентус е под голем знак прашалник. Од еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на „старата дама“, српскиот напаѓач во моментов е во ситуација да не е стартер во тимот од Торино.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Англиските медиуми наведуваат дека Влаховиќ е незадоволен и не сака да го продолжи договорот во Јувентус. Бидејќи споменатиот договор истекува летото 2026 година, јасно е дека е и на Јувентус одлуката дали сака да го продаде навреме и да извлече некои пари од оштета.

Сѐ поизгледна опција е Манчестер јунајтед, кој неодамна ги претстави своите амбиции, како на теренот, така и надвор од него. Јунајтед копнее по класичен центарфор, што јасно се гледа од натпревар во натпревар бидејќи офанзивните играчи кои Рубен Аморим ги има на располагање не одговараат на неговиот систем на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид тврди: Навивач на Барселона ќе го суди „Ел Класико“

Во Реал Мадрид денес обвинуваат дека назначениот судија во Ел Класико, Алехандро Ернандез …