
Ден Хурли, тренерот на Конектикат во NCAA, е новиот кандидат за позицијата главен тренер на Денвер Нагетс.
Денвер Нагетс спремија “чистка” во вторник попладне. Прво доби отказ главниот тренер Мајкл Мелоун, а веднаш потоа следуваше нов шок со веста дека е отпуштен и генералниот менаџер Калвин Бат.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Кевин О’Конор тврди дека Мелоун и Бат не беа во добри односи, а интересна е и статистиката дека Мелоун има најмногу победи во последните пет години.
Сега се појавуваат информации дека Мајкл Мелоун ја изгубил соблекувалната и се цитира конференцијата за медиуми од 21 март, кога Денвер Нагетс загубија од Портланд Трејлблејзерс.
Дејвид Аделман, син на Рик Аделман, ќе го наследи Мајкл Мелоун и ќе биде тренер на Нагетс до крајот на актуелната сезона, а како што наведуваат американските медиуми, постои шанса на лето во Колорадо да се појави ново име.
BREAKING: #UCONN head coach Dan Hurley and the Denver Nuggets have mutual interest in the #Nuggets head coaching position. Sources tell me Hurley is expected to meet with the Nuggets brass soon.
— Sean Wright (@SeanWrightNBA) April 10, 2025
Шон Рајт известува дека еден од главните кандидати за позицијата тренер на Денвер е човекот кој долго време е во НЦАА лигата и е шеф на Конектикат Хаскис, господин Ден Хурли.
Хурли беше во центарот на светската јавност летово кога одби 70 милиони долари за да ги преземе Лос Анџелес Лејкерс и ја довери работата на Џеј Џеј Редик.
Ден Хурли две години по ред беше НЦАА шампион со Конектикат Хаскис (во сезоните 2022/23 и 2023/24) и пред тоа работеше на Роуд Ајленд, Вагнер, Свети Бенедикт, Ратгерс и Свети Ентони средното училиште.
Неговите акции се многу интересни и доста потсетуваат на европскиот стил на кошарка, работи кои редовно ги гледаме кај Барцокас во Олимпијакос, како и кај Партизан на Жељко Обрадовиќ.
Фото: Denver Nuggets