Дома Останати Кошарка Американците се луди: Почнаа и да се обложуваат на срамниот тренд, многумина изминатата вечер изгубија пари!

Американците се луди: Почнаа и да се обложуваат на срамниот тренд, многумина изминатата вечер изгубија пари!

Нелогичната и навредлива мода на фрлање дилдо на натпреварите во ВНБА продолжи и изминатата вечер за време на средбата помеѓу Чикаго и Атланта, при што многу обложувачи изгубија пари.

Сè започна на 30 јуни кога еден фан го фрли првото дилдо на натпреварот помеѓу Атланта и Голден Стејт, по што овој непристоен и сексистички чин стана тренд. На сличен начин беа прекинати и средбите на Чикаго со Голден Стејт, како и на Лос Анџелес со Индијана.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Интересно е што обложувалниците најдоа можност за профит и почнаа да прифаќаат облози за бојата на дилдото кое ќе се фрли на натпревар во ВНБА. Овие облози станаа дури и поинтересни од обложувањето на конечниот резултат од натпреварот.

Првите трипати дилдото беше зелено, па коефициентот дека и четвртото ќе биде во истата боја изнесуваше 2.

Сепак, вчера на натпреварот помеѓу Чикаго и Атланта на теренот се најде виолетово дилдо.

Поради ова, бројни обложувачи изгубија пари, но оние што се обложија на виолетова боја го зголемија својот влог 4,25 пати. Највисок коефициент беше за на теренот да се најде сино дилдо, дури 15.

Освен зелената, фаворити беа и црната и онаа во боја на виножито со коефициент 3, како и белото дилдо со коефициент 3,5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ го делат 39 „чекори“ до вечноста – дали следната сезона ќе биде историска?

Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, веројатно ќе стане водечки играч на сите времиња …