Дома Фудбал Алонсо „збесна“ поради судиите и упати силна порака до ѕвездите на Реал во Мадрид

Алонсо „збесна“ поради судиите и упати силна порака до ѕвездите на Реал во Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ги разочараа своите навивачи бидејќи беа поразени на стадионот Сантијаго Бернабеу од Селта Виго со 2:0 во мечот од 15-то коло на шпанската Ла Лига. По натпреварот, Чаби Алонсо се појави на прес конференција и прво за што сакаше да зборува беа судиите.

Кралскиот клуб оваа сезона не игра онака како што се очекуваше под палката на Xabi Alonso, и Реал повторно доживеа кикс што ривалот Барселона го искористи на големо.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Барселона во сабота како гостин го победи Бетис и сега има четири бода предност на лидерската позиција во споредба со Реал кој неочекувано беше поразен пред своите навивачи од Селта Виго со 2:0.

Гостите од Виго до предноста стигнаа во 53. минута кога Шведберг постигна гол за 0:1, а конечните 0:2 во шеста минута од судиското продолжение ги постави истиот играч.

Меѓутоа, откако натпреварот заврши, од Реал упатија бројни критики кон главниот судија Кинтеро кој синоќа им покажа на Кралевите дури три црвени картони. Прво „поцрвене“ Фран Гарсија сред второто полувреме, а во продолжението поради несоодветно однесување исклучени беа Ендрик и Карерас.

По завршувањето на натпреварот беше одржана прес конференција на Реал Мадрид, а очекувано, Алонсо прво зборуваше за судењето.

Младиот тренер одамна не сме го виделе толку лут, па Алонсо одлучи да се осврне на судиските одлуки.

„Морам да се фокусирам на судиите. Нивните одлуки вечерва не збеснаа и воопшто не ми се допадна работата што ја завршија. На пример, главниот судија едвај чекаше да му покаже картон на Алваро. Во неколку моменти од натпреварот, судијата имаше главна улога. Како што реков, воопшто не ми се допаѓа вакво судење”, рече тренерот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перес му дал последна шанса на Чаби Алонсо, веќе има можности за замена

Ноќта на недела спроти понеделник се покажа долга на „Бернабеу“. По поразот од Селта, што …