Дома Фудбал Алонсо во проблеми: Реал доби лоши вести пред дербито со Ливерпул!

Алонсо во проблеми: Реал доби лоши вести пред дербито со Ливерпул!

Еден од најголемите дерби натпревари во четвртото коло од Лигата на шампионите ќе се одигра утре на Енфилд меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, а Чаби Алонсо наиде на непријатни вести пред патувањето во Обединетото Кралство.

Во овој момент, кралевите се наоѓаат во одлична форма за разлика од Ливерпул, кој се бори со резултатите во последниот период.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Натпреварот на Енфилд ќе започне утре во 21 часот и не се сомневаме дека не очекува многу возбудливо дуело.

Сепак, пред дуелот со Ливерпул, до Aлонсо стигнаа лоши вести бидејќи неговиот тим ќе влезе во утрешниот натпревар ослабен.

Од кралскиот клуб потврдија дека Франко Мастантуоно нема да биде достапен за Алонсо поради повреда, и засега не е познато колку ќе трае рехабилитацијата на аргентинскиот играч.

Сепак, повредата на Мастантуоно не е единствената главоболка за Алонсо пред дуелот против клубот каде што некогаш настапуваше.

Има неизвесности околу тоа дали Арнолд ќе успее целосно да закрепне за утрешниот натпревар против својот поранешен клуб и веројатно е дека Англичанецот ќе остане на клупата.

Ова е голем проблем за Алонсо, бидејќи неодамна остана без Дани Карвахал, што укажува на тоа дека ќе мора повторно да експериментира со решението на десната бек позиција.

Добрата вест е дека Валверде е подготвен и очекувањата се дека токму Уругваецот ќе се нафати со обврските на десната бек позиција, бидејќи тој веќе има искуство на таа позиција.

Реал Мадрид освои сите девет поени во првите три натпревари од новата сезона на Лигата на шампионите, додека „црвените“ не се на истото ниво.

Ливерпул има шест поени благодарение на победите над Атлетико Мадрид и Франкфурт, но во втората рунда, екипата на Арне Слот неочекувано претрпе пораз од Галатасарај во Истанбул.

Се очекува Енфилд со аплаузи да го дочека враќањето на Алонсо кој остави големо влијание играјќи за овој тим, но не е сигурно дека ист третман ќе добие Арнолд кој летото го замени Ливерпул со Реал..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо: Не сметам дека Меси е подобар од мене

Кристијано Роналдо одговори на изјавата на Вејн Руни, според кого Лионел Меси е подобар фу…