Дома Фудбал Алонсо доби список со шест имиња – следи ремонт на Реал Мадрид!?

Алонсо доби список со шест имиња – следи ремонт на Реал Мадрид!?

Чаби Алонсо би можел да го наследи Карло Анчелоти и да стане тренер на Реал Мадрид следната сезона. Поранешниот шпански фудбалер, кој минатата сезона го водеше Баер Леверкузен до двојна круна и притоа доживеа само пораз во финалето на Лига Европа, наводно веќе преговара со мадридскиот клуб.

„Дефенса Сентрал“ пишува дека добил список со имињата на шестмина играчи на Реал кои би можеле да го напуштат клубот во летниот трансфер период. За едни веќе не сметаат, за други чекаат добри понуди, додека трети би можеле да побараат трансфер, но се уште ниту едно заминување не е потврдено.

Фудбалери кои би можеле да го напуштат Реал во летниот трансфер период, според Defensa Central:

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


1. Голман Андриј Лунин, 26 години, 12 настапи во сезоната
2. Дефанзивец Хесус Ваљехо, 28 години, 1 настап во сезоната
3. Лев бек Ферланд Менди, 29 години, 31 настап во сезоната
4. Десен бек/десно крило Лукас Васкез, 33 години, 47 настапи во сезоната
5. Фудбалер за врска Лука Модриќ, 39 години, 52 настапи во сезоната
6. Напаѓач Родриго, 24 години, 50 настапи во сезоната

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…